Македонија Интервју

Директор на ЦРСПР, Мицевски: Нашата цел е јакнење на капацитетите на локалната и руралната заедница, бизнис секторот, јакнење на ЈПП и подигнување на квалитетот на живеење, на граѓаните

Нашата основна задача како центар е јакнење на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење, на граѓаните.

Директор на ЦРСПР, Мицевски: Нашата цел е јакнење на капацитетите на локалната и руралната заедница, бизнис секторот, јакнење на ЈПП и подигнување на квалитетот на живеење, на граѓаните

Директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски во интервју за порталот Скопје Инфо говореше за повеќе теми. За улогата на ова тело во развојот на Скопскиот регион, за позитивните и негативните страни во развојот на овој регион и како неговиот развој се одразува врз животот на граѓаните, околу соработката со градоначалниците во Скопје но и на новите проекти на кои работи ЦРСПР, туризмот, гранка на која треба постојано да се работи…

Од неодамна сте на позиција, директор на Скопскиот плански регион – кажете ни накратко, каква е улогата на ова тело во делот на развојот на општините?

-Како скорешен директор на Центарот за развој на Скопски плански регион, ја наследив неговата мултифункционална улога која повлекува многу предизвици во однос на регионалниот развој кој мора да биде синхронизиран со националните и локалните развојни стратегии бидејќи е клучен линк, меѓу централната и локалната власт. Превенствено за јавноста да добие поблиска претстава за работата и важноста на центарот треба да се запознае со карактеристиките на Скопскиот регион чија површина е 7% од територијата на Македонија, со опфат на 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно го сочинуваат 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје. Тоа значи дека седум од општините се рурални, но со индустриски зони, и обратно некои од урбаните содржат земјоделско земјиште, пасишта и сл.. Со еден збор, најмал по територија но најкомплексен плански регион во Република Македонија. Согласно законот за рамномерен регионален развој, изгласан во Мај 2009 година, Скопскиот плански регион е определен како најразвиен, но тоа би рекол дека е деликатна определба, заради неговата комплексност бидејќи за разлика од останатите 7 плански региони содржи главен град кој е пренаселен и постојано расне и се шири, во висина и ширина што подразбира и еквивалентен равој на потребите кои нашиот центар заедно со општините ги приоретизира. Неговата примарна задача е да стимулира баланс односно да ги намалува диспаритетите меѓу различно развиените општини. За таа примарна цел, имаме претгодишна транспарентна развојна програма, која се донесува на секои 5 години која ги опфаќа стратегијата, среднорочните цели, мерките и активностите. И тој стратешки документ е нашата основа за креирање, учество и имплементација на развојните политики, заедно со општините и надлежните институции, министерства, владата, односно центарот се интегрира со својата работа меѓу сите релевантни чинители чија надлежност е развојот. Нашата основна задача како центар е јакнење на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење, на граѓаните.

Каква е спецификата, структурата и нивото на развој на Скопскиот плански регион? Кои се неговите позитивни и негативни страни?

-Скопскиот плански регион, има диверзитет од потенцијали и капацитети, во смисла на природни и културнои наследства, како и геолошки, агрономски, инфраструктурни и др. специфики, кои се предмет на плански развој, добар менаџмент, соодветна промоција и пред се континуитрана одржливост во туризмот, агрономијата, земјоделието, производството, домашните и странските инвестиции, човечкиот капитал… Од најзначајните регионални индустрии би ги издвоил прехранбената индустрија, текстилната, печатарската, металопреработувачката, градежништвото, угостителството, трговијата, транспортот и деловните услуги. Во Скоскиот плански регин се концентрирани креативните индустрии и ИТ секторот кои се во подем. Условите за развој на земјоделството во Скопскиот плански регион се прилично лимитирани заради високото ниво на урбанизација на регионот и големата фрагментираност на земјоделските посеви што не оди во прилог на развивање на интензивно земјоделско производство. Но тука е ЦРСПР кој работи во насока на намалување на диспаритетите и постигнување на балансиран развој.

Во насока на сочувување на животната средина ЦРСПР во соработка со општините, УНДП и другите програми кои ја опфаќаат оваа компонента ги следи трендовите на енергетската ефикасност со проекти за поставување на фотоволтаици на дел од училиштата и градинките, имаме проект за компостара, потоа за набавка на воила за отпад и канти за смет, набавивме противпожарно возило за потребите на општина Зелениково и слично.

Оттука, јасно се гледа дека дел од регионалните проекти имаат и поголема национална и интернационална важност, бидејќи СПР како регион, е „порта“ во државата, што подразбира и поголема видливост, вклученост и буџетирање на ЦРСПР за поефективно да придонесе во развојните планови. Патната мрежа во Скопскиот плански регион ја сочинуваат: магистралните, регионалните и локалните патишта во кои дел од врските, подобрувањата, реконструкциите, се задача на центарот. Во делот на инфраструктурата секако неизоставна и елементарно важна е железницата која е предмет на реформи, ревитализација и реактуализација на нејзината функција, за која дефинитивно се потребни планови за одржливост. Генерално ги следиме просторните и урбанистички планови, за кои потребен е сеопфатен – компрехенсивен развој.

Целото интервју прочитајте го на СкопјеИнфо.

To top