Македонија

Димитриеска- Кочоска на Годишните состаноци на ММФ и СБ, можност за средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции

Димитриеска- Кочоска на Годишните состаноци на ММФ и СБ, можност за средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 октомври ќе престојува во Вашингтон, САД, каде ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, а ќе реализира средби и со високи претставници на овие две меѓународни финансиски институции, со претставници на Трезорот на САД, како и билатерални средби со свои колеги.

Во рамки на Годишните состаноци, министерката Димитриеска-Кочоска ќе се сретне со директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор Лук Дресе, како и со Жероен Клик, кој треба да ја преземе фунцкцијата извршен директор и Марникс ван Рај, кој ќе биде алтернативен извршен директор во ММФ. На средбите ќе присустувва и Анет Кјоб, шеф на Мисијата на ММФ за РС Македонија. На состаноците ќе се истакнат преземените чекори во насока на стабилизирање на јавните финансии, како и плановите за фискална консолидација и обезбедување економски раст.

Со високи претставници на Групацијата на Светска банка ќе стане збор за продолжување на конитуираната соработка и поддршката што ја добива земјата во изминатите години. Средби се планирани со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат, како и директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју.

За време на престојот предвидени се средби на министерката и со Алфонсо Гарсија Мора, регионален заменик-претседател во Меѓунардоната финансиска корпорација – ИФЦ, со претставници на Трезорот на САД, на која ќе се потврди поддршката што ја добива Министерството за финансии во реализација на своите програмски определби, како и со претставници на финансиски институции со кои земјава има соработка во процесот на издавање еврообврзници.

Министерката Димитриеска-Кочоска за време на работниот престој во Вашингтон ќе реализира средба со македонската дијаспора во САД, на која ќе има можност да поразговара за начинот на кој тие живеат и делуваат во американското општество, како и политиките кои ги спроведува новата Влада коишто се во насока на зајакнување на врските со иселениците.

На годинашните редовни средби, на кои министерката за финансии учествува заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, ќе се дискутира за светската економска перспектива, глобалната финансиска стабилност, стимулирање на економскиот раст, влијанието на климатските промени, како и со економските предизвици.

Годишните средби на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година во октомври и отвораат можност за дијалог за актуелни теми во глобални рамки помеѓу министри за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедница, граѓански сектор, академици и слично.

Најнови вести од Македонија

To top