Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржаа првата седница, на која разгледаа и едногласно усвоија шест точки од дневниот ред.
Едногласно беа донесени одлуките за определување на исплата на надомест на ангажираните лица, како помошни тела во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, потоа одлука за усвојување на Извештај за извршување на Попис на инвентар и друг материјал за 2025 година, како и одлука за ангажирање на лица во работната група за серверска и мрежна инфраструктура, одржување на база на податоци и обработка на избирачкиот список и определување на надомест за ангажираните лица.
Во рамки на петтата точка од дневниот ред беше усвоен и Заклучок за прифаќање на известувањето до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека по доставениот нацрт-извештај од ДЗР, добиен на 12 јануари 2026 година, Комисијата доставува известување со свои видувања на првичниот извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи за 2024 година.
И оваа известување на ДИК до Државниот завод за ревизија беше едногласно донесено од страна на членовите на Државната изборна комисија.