Македонија истрагата се проширува

Детали: Претреси на пет локации, одземени електронски уреди, извршени распити

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

Детали: Претреси на пет локации, одземени електронски уреди, извршени распити

Истражни тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи вчера и денеска координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

-Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија, информираат од Обвинителството.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

Како што претходно објавивме, претреси се вршеле и во кафулето на сопственикот на „Пулс“ кое по пожарот беше демолирано, но и во подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.

Вкупно 11 јавни обвинители работат на целосно расветлување на случајот со пожарот во „Пулс“, но и сите делувања и неделувања на поединци и институции кои придонеле до оваа трагедија.

Најнови вести од Македонија

To top