Македонија награди

Денеска завршува рокот за пријавување на годишните награди на ЗНМ

Денеска завршува рокот за пријавување на годишните награди на Здружението на новинарите на Македонија, се вели во соопштението на ЗНМ коешто МИА го објавува интегрално.

Денеска завршува рокот за пријавување на годишните награди на ЗНМ

Денеска завршува рокот за пријавување на годишните награди на Здружението на новинарите на Македонија, се вели во соопштението на ЗНМ коешто МИА го објавува интегрално.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) годинава ќе додели три награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2025 година.

1.За наградата за животно дело кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Освен личните податоци на кандидатот и кратка биографија, во пријавата се доставува и образложение за остварувањата на кандидатот кои што оставиле посебна трага во македонското новинарство.

2. Кандидатите за годишната награда за истражувачко новинарство се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Медиумските продукти треба да бидат сериозни новинарски истражувања објавени во текот на 2025 година во медиумите во Македонија, посветени на важни прашања за пошироката заедница. Приказните треба да откриваат злоупотреби на власта и моќта, како и кршење на човековите права и слободи. Тие треба да бидат оригинални и поткрепени со факти проверени од разни извори на информации.

3. Кандидатите за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2025 година потребно е да работат или да се ангажирани во локални и регионални медиуми или пак да се дописници на национални медиуми во државата, надвор од градот Скопје. Пријавата и за оваа категорија може да биде поднесена од самиот новинар или по предлог на тројца новинари.

Во апликацијата за наградата за истражувачко новинарство и новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2025 година потребно е да се наведе функционален линк од објавата, а доколку се доставува лично во канцелариите на ЗНМ материјалот треба да биде испечатен или снимен на USB. Пријавите за овие категории на награди треба да содржат најмногу до два новинарски продукти кои се објавени во текот на минатата година.

Пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 26 јануари (понеделник) 2026 година и тоа:

– На електронска пошта: [email protected], лице за контакт: Елизабета Стојановиќ – 02/3298-139.

Предметот на електронската порака треба да биде „ЗА ЗНМ НАГРАДА 2025“ а секој апликант ќе добие повратна порака за прием.

– Препорачана пошта, адресирани до: Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, РСМ или

Пријавите треба да бидат означени: „За ЗНМ НАГРАДА 2025“ во предметот на електронската порака или напишано на ковертот.

На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за другите две (за најдобрата истражувачка сторија и за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2025 година наградените ќе добијат плакета, како и парични награди во износ од 1.000 евра по награда во денарска противредност.

Изборот на добитниците ќе го изврши Комисија за доделување на наградите на ЗНМ.

Најнови вести од Македонија

To top