До крајот на денов сончево и топло со мала до умерена локална облачност. За попладне синоптичарите најавуваат локална појава на пороен дожд и грмежи претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде до 36 степени
-Утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло, а во деновите од викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР.