Македонија

Дел до автобусите на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинациии во приградските населби

Дел до автобусите на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинациии во приградските населби

Центарот за управување со кризи по известување од ЈСП Скопје информира дека мал број автобуси од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации.

Станува збор за автобусите со броеви: 11, 64, 74, 80 и 81.

По однос на врнежите од снег и патиштата до 09 часот, состојбата во земјава е следна:

Битолски регион

Во Општина Крушево, на регионалниот пат Крушево – Пуста Река (пат од втор приоритет), ќе се интервенира во претпладневните часови. Патот е прооден за теренски возила и возила со соодветна зимска опрема. Во Општина Демир Хисар, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се корисниците во селото Големо Илино. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Охридски регион

Во Општина Кичево има патни правци кон планинските села кои сè уште се чистат, а се очекува истите да бидат целосно расчистени во текот на денешниот ден.

Штипски регион

Во Општина Виница, на повисоките населени места, има појава на голомразица и се препорачува внимателно управување со возилата.

Кумановски регион

Во Општина Ранковце, во текот на денешниот ден ќе се работи на расчистување на патните правци кон селата Герман и Огут.

Најнови вести од Македонија

To top