Македонија вмро-дпмне

Даскаловски: Зад Бузлевски во Ресен стојат Заев и Филипче

Ресен повторно е мета на партиски експеримент. Кандидатот на СДС, Александар Бузлевски, ни се претставува како “ново лице”, но зад него стои старата пракса – политички кадар без локални резултати, без визија и врска со реалноста кон граѓаните на Ресен, истакна на денешната прес конференција Николче Даскаловски, Претседател на УМС и Советник во општина Ресен.

Го паметиме Бузлевски како директор на Националниот парк Галичица, функција која ја вршеше со минимална транспарентност и со контроверзни одлуки што го доведоа во прашање управувањето со еден од најзначајните природни ресурси во државата.

Што направи за таа институција?

Дали го подобри управувањето со паркот?

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Дали го приближи паркот до граѓаните или го претвори во уште една затворена партиска структура?

Дали отворил барем едно ново работно место за младите од Ресен?

Одговорот е јасен, не.

А сега истиот тој човек, без ниеден конкретен проект зад себе, сака да управува со цела општина. Не нуди визија, туку продолжување на истата политика на занемарување и игнорирање на потребите на народот.

Ресен не е терен за вежбање. Доста беше со експерименти и кариеристи. Александар Бузлевски е човек од системот што не запостави.

Ресенчани добро се сеќаваат за фамилијата Бузлевски , таткото на градот од минатото, долговите што ги направи и ја заглави Општина Ресен.

Затоа, драги сограѓани, на следните избори имате јасен избор:

Или ќе дозволиме Ресен повторно да биде жртва на политичка матрица,

Или заедно ќе го продолжиме патот на прогресот во Преспа, со локален патриотизам, со работа, со отчетност и вистинска промена.

Ресен не смее да потпадне под туѓи интереси. Ресен мора да победи!, рече Даскаловски.

Најнови вести од Македонија

To top