Македонија анализа на клиентелизмот

Дамева и Чачарова-Илиевска анализираат: Судијки и онака не се, да не се можеби аналитичарки?

И двете немаат абер од судска пракса, но ги спојува тоа што се дел од Судскиот совет. Ги спојува и тоа што и двете во моментот ја „анализираат“ иницијативата за интерпелација на судскиот совет. Во јавноста веќе коментираат дека е многу веројатно, набргу и двете да анализираат, но по дома, не во Судскиот совет…

Дамева и Чачарова-Илиевска анализираат: Судијки и онака не се, да не се можеби аналитичарки?

И двете немаат абер од судска пракса, но тоа не ги спречува да бидат она што се. Ги спојува тоа што се дел од Судскиот совет. Ги спојува и тоа што и двете во моментот ја „анализираат“ иницијативата за интерпелација на актуелниот состав на судскиот совет.

Весна Дамева и Тања Чачарова-Илиевска, членови на Судскиот совет, за кои владејачкото мнозинство поднесе интерпелации со Собранието денеска синхронизирано изјавија дека ги анализираат документите и дека ќе го соопштат својот став во јавноста.

Чачарова-Илиевска смета дека во интерпелацијата за неа се зборува за колективна одговорност.

Според Дамева, пак, оставка се поднесувала само доколку постоеле оправдани причини, нагласувајќи дека сепак тоа е личен чин.

– Оставката е личен чин и се поднесува оставка доколку постојат оправдани причини за истото. Останувам отворена за тоа кои ќе бидат идните чекори и од моја страна и од страна на Собранието, рече Дамева.

Во јавноста веќе коментираат дека е многу веројатно, набргу и двете да анализираат, но по дома, не во Судскиот совет…

To top