Македонија

Дали трагедијата во Кочани една партија се обидува да ја капитализира?

Дали трагедијата во Кочани една партија се обидува да ја капитализира?

Дали трагедијата во Кочани некој се обидува да ја злоупотреби за политичка агенда? По првичниот собир во понеделникот пред платото на УКИМ, студентите се поделија. Едни ја обвинуваат официјална студентска организација „Студентско собрание“, бидејќи дозволиле министерката за образование Јаневска и ректорката Ангелова да се обратат, без да говорат студентите и се залагаат на формирање на студентски пленуми. Други пак, обвинуваат дека со партиски влијанија од опозициски партии се прави обид да се формираат вакви паралелни организации, со цел да се искористи случајот за политички поени, објави Канал 5.

Едни ја обвинуваат официјална студентска организација Студентско собрание бидејќи дозволиле министерката за образование Јаневска и ректорката Ангелова да се обратат, без да говорат студентите и се залагаат на формирање на студентски пленуми. Други пак, обвинуваат дека со партиски влијанија од опозициски партии се прави обид да се формираат вакви паралелни организации, со цел да се искористи случајот за политички поени.

Илина Банова, студентка од Економскиот факултет во изјава за Канал 5 прстот го вперува кон Црвената младина, која е младинска организација на Левица.

-Како студенти имаме основани индиции и сомненија, според социјалните медиуми, дека политичката партија Левица, со нејзината црвена младина сакаат да ги набедат студентите да организираат студентски пленум. Не смееме да дозволиме било која политичка партија, не само оваа, да не раздели во моменти кога ние мораме како студенти да бидеме сплотени. Очигледно е дека како општество имаме ниска емоционална интелигенција и наместо во овие периоди на болка и тага да покажеме сплотеност, одредени се обидуваат нас да не разделат како студенти, Илина Банова.

Од партијата Левица не одговараат директно дали на некаков начин се вклучени во поттикнување на пленумите, но велат дека им даваат поддршка.

-Левица го поддржува независното самоорганизирање на студентите. Побудата за самоорганизирање ја поздравуваме. – одговори портпаролот на партијата Амар Мециновиќ.

Во меѓувреме, иницијативата наречена „Независно студентско собрание“ веќе организира собир на студенти во понеделник на платото на УКИМ. Тие повикуваат УСС да се делегитимира, бидејќи, како што обвинуваат, се бирократизирано тело кои, велат, работи позади грбот на студентите.

Од УСС пак повикуваат на единство помеѓу студентитеи да не дозволат политичките партии и нивните влијанија, преку злоупотреба на состојбата да направат раздор помеѓу нив.

Најнови вести од Македонија

To top