Македонија институциите да го повикаат на распит „шмркачот“

Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ? (ВИДЕО)

– Ги повикуваме надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски. Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДС?

Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ? (ВИДЕО)

Фрапирачки е како Венко Филипче како лекар, хирург, молчи за конзумирањето дрога на Јон Фрчкоски, лице кое тој го постави за партиски функционер. Дали Венко Филипче како лекар, но и како претседател на СДС го осудува конзумирањето на дрога од страна на Јон Фрчкоски? Има јавно признание како нивен партиски функционер конзумирал дрога на работно место. Зошто Венко Филипче молчи и се крие, обидувајќи се да го сокрие овој мега нарко скандал, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги повикуваме надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски. Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДС? Доколку Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор? Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата, рече Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top