На 25.09.2024 во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија се одржа состанок по иницијатива на претставници од Секторот за внатрешни работи Скопје со организаторите и комесарите за безбедност од 19 кошаркарски клубови со седиште на подрачје на град Скопје.
На средбата беше потенцирана соработката и комуникацијата за доследно спроведување на одредбите од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари и заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување на претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарка федерација.