Во еден скопски хотел, во рамките на Конференцијата на Европската Унија што се одржува во Скопје, денеска се одржа средба помеѓу премиерот на Република Албанија, Еди Рама, и лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.
Средбата на која тие прават ДА ПУКНЕ (со очебијно кисело лице на Еди) беше оценета како „братска“ и „искрена“ од страна на Ахмети, кој на својот официјален Фејсбук-профил сподели детали од разговорите со премиерот Рама. Како што истакна Ахмети, фокусот бил ставен на заедничката европска перспектива и предизвиците со кои се соочува регионот.
– Во време кога Албанија е на неповратен пат кон членството во Европската Унија, повторивме дека и С Македонија треба да биде дел од овој пат. Европската иднина на регионот е заедничка – во овој процес нема поделба – вели Ахмети.