Во своето последно луцидно соопштение правено по урнекот на еуфоријата предизвикана од супстанциите на Јон, „штиво“ како и секогаш преполно со урнебесни теории на заговор, СДС повторно понизно и безрбетно си се врати на сопствената придавка на Македонија со она на „С“, за да неколку реда подолу, кога и’ текна дека демек „се бори“ за државата, истата си се врати на Македонија. Оти, веројатно, и самите се свесни дека е крајно ступидно и шалабајзерски да се бориш за имагинарната Северна…
Ја поздравуваме еволуцијата на антимакедонската партија која последната година по серијата од 4 мега-порази по ред се врати на изговорот и писанието на исконското и единствено име МАКЕДОНИЈА, искрено, мислевме дека ја сфатија пораката на народот и глупоштиите, нискоста и безобразието на авантурата на Заев и екипата, но очигледно, со двете на „С“ екскурзии во неколку дена, старите кучиња покажуваат дека не можат да научат нови трикови.
Аман, решете се бе “нови дечки“ (нови ко ланскиот снег), не можете да пишувате „Овој потег во Северна Македонија само го потврдува Орбановиот план да го прошири своето влијание на Балканот“, за по тресење едно чудо глупости во следните 7 реда срочите „ Нема да дозволиме нашата земја да се претвори во сателит на авторитарни режими. Борбата за праведна и слободна Македонија продолжува!“. Не оди пустото, или сте за Македонија, или сте за она на „С“. Договорете се, аман. Ова не е дали сте за Филипче или за Заев, тоа ви е едно те исто…
Прво, решете се како ќе ја нарекувате државата, вака и така не оди, иако знаеме дека подобро ви прилега ова со „С“, тоа е ваше чедо и творба, та одете и чекор подалеку, бидете фер и ребрендирајте се во СДСС.
Второ, ако некогаш нашата Македонија била „сателит на авторитарни режими“, тоа беше во периодот на Заев и Таче, зачинет со Бујар и Груби, оној сервилниот, субмисивен, коленичарски и безрбетен, темен антимакедонски период од 2017-та до мај 2024-та година.
Трето, престанете да ги девалвирате и жигосувате медиумите (сега повторно Алфа е на мета) со трагикомични наративи на кои ви се смее цела Македонија и пошироко. Во она на „С“ можеби не. Оти не постои.
Четврто, каде и да е ќе си дополните колекцијата со тужби за клевета и лажни вести со трофејот од „4iG“, еминентна фирма со CV за кое може само да сонуваат вашите фирмички од тендерите со РЕК, ЕЛЕМ, Лотарија на Македонија, Пошта и редица други фиктивни компании со половина/четврт вработен за кои има отворено дузина истраги, дел и со судски епилог.
И, аман, престанете да го користите иљачот на Јон при пишувањето на трагикомичните соопштенија и уште поурнебесни прес-конференции.
