Нико Чонески во вториот круг на локалните избори ќе се бори за градоначалничкото место во Крушево. За градот кој го нарекува гордоста на Македонија, тој понуди програма богата со низа проекти за подобар живот на сограѓаните.
КУРИР направи интервју со Чонески во кое разговаравме за состојбата во која се наоѓа општината во моментов, проблемите со кои крушевчани се соочуваат, но и неговата програма која нуди решение на тие проблеми.
КУРИР: Голем број на крушевчани Ви дадоа поддршка во првиот круг на локалните избори. Во пресрет на гласањето во недела какви резултати очекувате?
-Сакам да се заблагодарам на сите жители на Општина Крушево што ми дадоа доверба во првиот круг. Нивната поддршка ми дава сила да продолжам со истото темпо и ентузијазам, заедно да изградиме подобро Крушево и просперитетна иднина за нашите деца. Сега, во вториот круг, потребна е уште поголема мобилизација односно секој глас е клучен за да се постигнат сите наши цели. Сакам да повикам да останеме единствени и решителни во борбата за поубаво утре. Се разбира дека очекувам позитивен резултат и голема победа во вториот круг.
КУРИР: Кога зборуваме за Крушево, градот кој за Вас претставува гордост на Македонија, оценувате дека се потребни промени и јасен план бидејќи општината во моментов функционира без насока и визија? Кои се најголемите проблеми на Вашите сограѓани?
-Точно, кога станува збор за Крушево, еден од најубавите и најисториски значајни градови во Македонија, има огромен потенцијал, но исто така е важно да се признае дека без јасна стратегија и план, неговото развивање и напредок може да биде забавено.
Во однос на вашето прашање, ако говориме за моменталните проблеми со кои се соочуваат сограѓаните, може да се фокусирате на неколку области:
– Недостаток на инфраструктура и инвестиции. Крушево, како мал град, има потреба од модернизација на инфраструктурата, особено во делот на патната мрежа.
-Проблем со водоснабдување. Општина Крушево се соочува со голем проблем во водоснабдување, особено во летниот период кога градот е полн со туристи.
-Немање канализација претставува сериозен проблем во населените места.
– Недостиг на работни места и економски развој. Многу млади луѓе одат во поголемите градови или странство во потрага по работа. Треба да се создадат услови за инвестирање во локален развој, што ќе донесе нови работни места и ќе ја зајакне локалната економија.
-Недоволно развиен туризам. Иако Крушево има огромен туристички потенцијал, на пример, преку своето историско значење, алтернативен туризам и екстремни спортови, убавината на природата и зимските спортови, многу од овие можности не се во целост искористени. Потребни се инвестиции во туризам и промоција на Крушево во земјата и светот.
-Млади луѓе и нивната перспектива. Многу млади луѓе не гледаат перспектива во Крушево и се одлучуваат да го напуштат градот. Потребна е политика за поддршка на младите, развој на образовни програми и иницијативи за самовработување.
-Социјални и здравствени услуги. Иако Крушево има малку поинаква динамика од поголемите градови, и тука има потреба од подобрување на здравствените и социјалните услуги.
-Постојната депонија, која често гори во летен период и предизвикува загадување и непријатните миризби.
КУРИР: Тоа што се наталожиле долгови и нерешени проблеми може да биде резултат на недомаќинско работење. Може така да се оцени дека досега функционирала општината водена од актуелниот градоначалник-недомаќински?
-Апсолутно може да се каже дека општина Крушево водена од актуелниот градоначалник покажува негативни резултати во финансиското работење. Моменталниот долг на општината изнесува 1.200.000 евра што е доволен показател на погоре наведеното. Општината нема план и стратегија со што долгот е во постојан пораст. Сите економски параметри покажуваат финансиска нестабилност особено за една мала општина како Крушево.
КУРИР: Во програмата со која ја побаравте довербата од сограѓаните понудувте низа проекти од повеќе области кои ќе ги решат секојдневните проблеми. За жал Крушево се соочува со проблеми кои се несвојствени за 21 век како проблем со водата, со сметот. Како ќе се реши тоа?
-Во мојата програма јасно имам наведено, а за сето тоа имам план околу решавање на проблемот со водоснадувањето во град Крушево, зафаќање на нови извори за питка вода и решавање на проблемот со загубите во градската мрежа. Исто така планирам изградба на нов резервоар за питка вода, со цел подобрување на водоснабдувањето во село Врбоец. Решавање на проблемот со водоснабдување преку изградба на секундарна водоводна мрежа во село Свето Митрани. Изградба на вештачка акумулација за наводнување во село Белушино. Сето тоа ќе донесе трајно решавање на водоснабдувањето во општина Крушево.
КУРИР: Кои проекти би ги издвоиле како најважни за поубав живот во Крушево?
1. Изградба на нова спортска сала.
2. Изградба на обиколница во Општина Крушево.
3. Изградба на канализациони мрежи во населените места на Општина Крушево.
4. Реконструкција на регионален пат Кривогаштани-Крушево-Демир Хисар .
5. Крушево град без отпад.
6. Изградба на две нови полетишта за параглајдинг и змејарство.
7. Изведба на патеки за планински велосипедизам.
8. Изградба на стационар за загрижување на кучиња скитници.
9. Изградба на нови и современи паркинг места и дигитално паркинг решение.
10. Реконструкција на домот на култура во Крушево.
11. Изградба на пристапна улица скијачки терени Станич.
12. Изградба на обиколница околу Крушево, подобрување на патната инфраструктура во општина Крушево.
13. Поддршка на развојот на туризмот и локалната економија преку инфраструктурни проекти.
14. Асфалтирање и реконструкција на улици и патишта во населените места.
15. Изградба на канализациони мрежи во населените места.
16. Изработка на техничка документација за скијачки центар Мусица. Изработка на техничка документација за изградба и уредување на скијачки центар Мусица со што ќе се зголеми туристичката понуда за Крушево.
Ова се дел од проектите. Граѓаните може да ја прочитаат мојата програма која е јавна и презентирана до секој граѓанин во општина Крушево.
КУРИР: Само неколку дена пред гласањето, која е вашата порака до граѓаните?
Драги сограѓани, пред нас е вториот круг на локални избори. Момент кога секој од нас носи важна одлука за тоа како ќе изгледа Крушево во наредните години. Крушево отсекогаш бил град на еснаф и мајстори на чесни луѓе. Да ставиме крај на недомаќинското работење на актуелната локална власт во Крушево. Ги повикувам сите граѓани без разлика на верска, национална и партиска припадност да го дадат гласот за Еснафско Крушево, град на занаетот, културата, туризмот. Град во кој младите ќе останат да живеат во Крушево за кое имам јасна визија и цел. Да покажеме дека Крушево знае да избере. Во вториот круг сите за еснафско Крушево, порача тој.