Македонија Се чека Чом, да го изгаси светлото...

Честитка од Шилегов до новото раководство на СДСМ и Филипче со песната „Во бестрага“

Наместо коментар, Петре Шилегов на новото раководство му честиташе со познатата „Во бестрага“. Пораката е јасна, имајќи предвид кој се е во раководството, нумерата е повеќе од оправдана. На социјалните мрежи се шегуваат дека можеби посоодветна би била само „Road to hell“ од Крис Риа.

Честитка од Шилегов до новото раководство на СДСМ и Филипче со песната „Во бестрага“

Никој во Македонија , ниту екс есдесовците не ја бендисаа инвазијата на Заеви послушници во јадрото и раководството на СДСМ. Поранешните функционери на СДСМ полека но сигурно се изјаснуваат што мислат за „новото“ раководство на СДСМ кое си го оформи Филипче.

Поранешниот пратеник и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов не го крие незадоволството од новото раководство на СДСМ. Преку песната „Во бестрага“ реши да ѝ честита на партијата за новите кадри кои ги избрала.

Популарната песна „Во бестрага“ во изведба на Нокаут и Игор Џамбазов, поранешниот градоначалник на Скопје ја сподели на својот Фејсбук профил.

Наместо коментар… кратко напиша Шилегов алудирајќи на новото партиско раководство.


Сѐ започна во јануари оваа година кога при промоцијата на партијата која ја презеде Данела Арсовска „Нова алтернатива“ присуствуваше тогашниот партиски генерален сектретар Миле Зечевиќ.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов даде свој коментар за присуството на Миле Зечевиќ на оваа промоција.

И булдожерите зарибуваат во кал, нели?, иронично го искоментира настанот Шилегов алудирајќи на Зечевиќ.

Printscreen/Facebook/СДСМ

СДСМ претходно ја одржа првата седница на Централниот одбор. На вчерашната седница за нови потпретседатели беа избрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката Ана Чупеска, битолчанецот Менде Илиевски од тамошниот Совет и Кристина Костова која е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ.

Партијата го избра Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба за генерален секретар, а организациони секретари ги избра Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски кој е пратеник во Собранието.

Главна фаца по Филипчо во СДСМ ќе биде Фани Сорос, факт што јасно кажува кон каде се движи лузерската партија – во време кога Републиканците во САД имаат претседател, Сенат и Конгрес, вие се врзувате со најголемиот донатор и мецена на Демократите?!?! Толку комуњарски и лузерски, коментираат на социјалните мрежи, потсмевајќи се со партијата која ита кон залезот.

Очекувањата се во следниот период да му се јават на Чом.

За да го изгаси светлото на Бихаќка…

Најнови вести од Македонија

To top