Македонија национален празник

Честитка од Мицкоски за Свети Сава: Пораките на овој голем светител нека придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност

Со длабока почит и искрени честитки, на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава, симбол на просвета, мудрост, духовност и државотворност, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Честитка од Мицкоски за Свети Сава: Пораките на овој голем светител нека придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод духовен и национален празник Свети Сава.

-Со длабока почит и искрени честитки, на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава, симбол на просвета, мудрост, духовност и државотворност, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Со длабока почит и искрени честитки, на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава,…

Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 27 јануари 2026

Мицкоски додава дека наследството на Свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата, културата и заедништвото, кои и денес се силна инспирација за градење праведно, хумано и напредно општество.

-Нека пораките на овој голем светител придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност, како и за понатамошно унапредување на пријателските односи и соработката меѓу народите и државите, пишува македонскиот премиер по повод празникот Свети Сава.

Најнови вести од Македонија

To top