Македонија ВЛЕН

Честитка од коалицијата „ВЛЕН“ по повод Денот на независноста на САД

По повод 249-годишнината од прогласувањето на независноста на Соединетите Американски Држави, ВЛЕН ги изразува своите најтопли честитки до американскиот народ и институциите на оваа пријателска и сојузничка земја.

Честитка од коалицијата „ВЛЕН“ по повод Денот на независноста на САД

Соопштение на ВЛЕН:

„По повод 249-годишнината од прогласувањето на независноста на Соединетите Американски Држави, ВЛЕН ги изразува своите најтопли честитки до американскиот народ и институциите на оваа пријателска и сојузничка земја.

Пријателството и партнерството со САД претставуваат еден од главните темели на нашата политичка и стратешка ориентација. Длабоко ја цениме историската улога што Соединетите Американски Држави ја одиграа во поддршката на демократските процеси, стабилноста и развојот во нашиот регион.

Горди сме на нашиот силен сојуз и вредностите што ги споделуваме: демократијата, слободата, еднаквоста и владеењето на правото. Ќе продолжиме да работиме на понатамошно зајакнување на соработката меѓу нашата земја и САД, како непоколеблива ориентација кон евроатлантската иднина.

Нека биде вечно пријателството со САД!“

To top