Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Целта на раководството на ЕСМ, е да ја затвори термоелектраната Осломеј, преку криминални договори и на тој начин, илјадници луѓе да изгубат работа

-Односно, 106 милиони и 200 илјади денари е проценета вредност, 106 милиони и 200 илјади денари е понудата и има само еден понудувач, а тоа е Марковски. Очигледно Марковски има супер моќи и од една милионска цифра, точно до денар ја погодиле сумата.

Целта на раководството на ЕСМ, е да ја затвори термоелектраната Осломеј, преку криминални договори и на тој начин, илјадници луѓе да изгубат работа

На 14 февруари 2024 година Електрани на Македонија, склучува криминален договор, од речиси 2 милиони евра, секако со омилениот бизнис партнер на власта, Борче Марковски, инаку почесен конзул на Белорусија во Република Македонија.Овој тендер се однесува на специјализирани браварско-заварувачки работи, за дислокација на погонски станици од рудникот во Осломеј во рудникот во Битола. Истиот има само една понуда и проценетата вредност до денар одговара на понудената вредност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Односно, 106 милиони и 200 илјади денари е проценета вредност, 106 милиони и 200 илјади денари е понудата и има само еден понудувач, а тоа е Марковски. Очигледно Марковски има супер моќи и од една милионска цифра, точно до денар ја погодиле сумата.

Истата компанија Марковски, од 2021 до денес, има добиено преку 163 милиони евра во тендери од Електрани на Македонија.

Целта на раководството на Електрани на Македонија е да ја затвори оваа термоелектрана и на тој начин илјадници луѓе од Кичево и кичевско да ja изгубат сопствената работа.

Ова е чист грабеж на буџетот и граѓаните. ЈО мора да реагира веднаш, а не да молчи при очигледен криминал.

За сите инволвирани во овој случај ќе има одговорност за неколку месеци, граѓаните да бидат сигурни, дека одговорноста и правдата нема да изостане.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!

Најнови вести од Македонија

To top