Македонија рек битола

ЕСМ: Во функција е ставен Блок2 на РЕК Битола, а подготвен е и Блок1 ако има потреба на пазарот

Откако беше исклучен од мрежа Блок 3 заради дефект на цевка во котелот, во функција е ставен Блок2 на РЕК Битола. Постројката вчера беше синхронизирана со електроенергетскиот систем во 15:55 часот. Подготвен за работа е и Блок1 на РЕК Битола. Ќе биде ставен во погон согласно потребите на потрошувачите на електрична енергија во земјава и анализите на пазарот на електрична енергија, соопштија од ЕСМ.

-АД ЕСМ овој период ги задоволува потребите од електрична енергија на потрошувачите од свои производствени капацитети и преку набавка на електрична енергија, по поволни цени кои му овозможуваат на компанијата намалување на трошоците на работа. За потсетување, од 9 ноември до 16 декември 2023 година и од 1 февруари до 24 февруари годинава, РЕК Битола работеше со сиот свој капацитет, со сите три блока на мрежа.

АД ЕСМ и во иднина ќе ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за потрошувачи врз основа на анализите што секојдневно се прават за расположливоста на сопствените производствени капацитети, побарувачката на струја, како и околностите на пазарот со електрична енергија.

Најнови вести од Македонија

To top