Македонија МВР

Бројките не лажат: Тошковски покажа колку е зголемен бројот на издадени пасоши и фотографирани лица откако тој е министер

„Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат“.

Бројките не лажат: Тошковски покажа колку е зголемен бројот на издадени пасоши и фотографирани лица откако тој е министер

Бројките не лажат! Со чесен пристап, искрена намера и макотрпна работа, за помалку од еден месец успеавме значително да ги подобриме услугите во делот на издавањето на лични документи, па така бројот на издадени пасоши на ниво на целата држава го зголемивме за 28%, а бројот на фотографирани лица на територија на Скопје каде хаосот беше најинтензивен, го зголемивме за 75%, истакна министерот за внатрешни работи во Техничката влада, Панче Тошковски.

„Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат“ – истакна тој.

To top