Потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев попладнево на социјалните мрежи ја коментираше денешната седница во Собранието на која се верифицирани мандатите на пратениците, а на која Африм Гаши (коалиција ВРЕДИ) е избран за собраниски спикер.
Според Богоев, пратениците треба во Собрание да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.
И Андреј Петров од СДСМ со сличен став како и Богоев. Тој рече дека „требаше денеска барем еден или двајца пратеници од СДСМ да излезат на говорница и да ги кажат нивните забелешки“.