Македонија Прилеп

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора 

Присутните дискутираа и за инвестициите во инфраструктурата, со фокус на железничката линија кон Солун, како и за навремениот поврат на ДДВ и законските исплати за инвестиции.

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора 

На 27 декември 2024 година, во Прилеп се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора, која беше фокусирана на клучните економски предизвици и решенија за локалното и националното стопанство.

На седницата присуствуваа претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, како и претставници на локалните банки и компании.

Претседателот Азески истакна неколку важни точки за подобрување на економскиот амбиент, вклучувајќи го законското решение за недела нереботен ден, т.е во недела треба да се работи, но и да се плати соодветно спрема законските регулативи. Тој ја истакна потребата од рационализација на државната администрација за да стане вистински сервис на бизнисот и поддршка за извозните активности преку нова регулатива. Азески нагласи дека растот на платите во јавниот сектор треба да биде условен со растот на бруто-домашниот производ, додека парафискалните давачки на локално ниво мора да се регулираат исклучиво преку Собранието.

Присутните дискутираа и за инвестициите во инфраструктурата, со фокус на железничката линија кон Солун, како и за навремениот поврат на ДДВ и законските исплати за инвестиции. На состанок беа презентирани и условите за унгарскиот кредит, кој е потенцијален извор на финансиска поддршка за компаниите во регионот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Претседателот на Регионалната комора поднесе извештај за активностите во изминатата година, потенцирајќи го значењето на Комората во поддршката на економскиот развој. Азески, пак, апелираше за унапредување на регионалната соработка и регионално поврзување и активност на регионалните комори за поголема активност на компаниите, особено од Источна Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top