Македонија

Битолската болница возвраќа на пресот на СДСМ: Специјалистите се создаваат 6 години толку колку што СДС беше на власт

Битолската болница возвраќа на пресот на СДСМ: Специјалистите се создаваат 6 години толку колку што СДС беше на власт

Интегрален текст од демантот на Клиничка болница Битола на пресот на СДСМ Битола дека се затворени одделенија во Болницата и дека нема кадар:

Во име на ВИСТИНАТА, која, веруваме, на сите Вас, Ви е повеќе од јасна.

За да се затвори одделение, треба да нема кадар, а за да има кадар, истиот се создава минимум 6 години, колку што трае една специјализација, точно толку години колку што СДС беа на власт. Ако имаа план и визија, досега ќе имаше и специјалисти и функционални одделенија. Во време на претходната власт, пациентите со заразни заболувања, беа третирани и хоспитализирани на интерно одд, ЗАЕДНО со другите пациенти, што е едноставно, недопустливо. Инфективното одделение не функционира одамна, односно, во последниот период , работеше амбулантски, и тоа САМО 2 пати неделно со ангажиран САМО ЕДЕН доктор од друга ЈЗУ, без хоспитализација. Специјалисти не се губат, а уште помалку се создаваат за само 2 месеци. Беспредметно е да се коментира затворањето и на други оддели, односно, неспособноста на СДС. Задоволството да се сликаат на неиздржани и срамни пресови од некомпетентни личности им остана единствената активност, за која очигледно се и единствено способни! ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија, со план, способност и визија да го врати сјајот и местото кое го имаше и ќе го има Клиничка болница Битола. Тоа ќе биде и единствената патека по која ќе се движиме, стои во демантонт на битолската Болница.

Најнови вести од Македонија

To top