Македонија Наредба или предлог?

Битиќи не сака да ја коментира изјавата на Зеќири: На албански и македонски јазик беше кажано различно

ТВ 21 споредува што точно изјави Зеќири откако ја слушна пресудата.

Битиќи не сака да ја коментира изјавата на Зеќири: На албански и македонски јазик беше кажано различно

„Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог“, вели Фатмир Битиќи.

На овој начин Битиќи одговори на новинарите кои инсистираа на коментар за прозивките од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој во петокот беше осуден на двеипол годишна затворска казна за злоупотреба на положбата.

ТВ 21 споредува што точно изјави Зеќири откако ја слушна пресудата.

Прво на македонски јазик.

„Секако дека преку адвикатскиот тим ќе ја обжалиме одлуката, бидејќи во целиот процес, никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, јас само сум спровел умисла на други, односно од Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи“, вели Мухамед Зеќири.

Потоа и на албански јазик.

„Секако, одлуката на Судот ќе ја обжалиме преку адвокати и сметаме дека во ниту еден момент од судскиот процес не е докажано предумисла во извршувањето на делото што ми се става на товар, бидејќи сум го извршил и постапил врз основа на туѓа предумисла, во овој случај на Владата, која побара од мене да ги потпишам договорите што се потпишани“, вели Мухамед Зеќири.

Најнови вести од Македонија

To top