Македонија СДСМ

Битиќи демантира дека преминува во ВЛЕН: Цврсто стојам на патот на социјалдемократијата

Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени. Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата! – напиша Битиќи.

Битиќи демантира дека преминува во ВЛЕН: Цврсто стојам на патот на социјалдемократијата

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи ги демантира шпекулациите дека одлучил да премине во Влен.

-Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на „неофицијално дознава…”. Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени. Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата! – напиша Битиќи.

Најнови вести од Македонија

To top