Македонија ЦУК

Бидете внимателни: Змии се појавија во дворови на куќи, болница и факултет (ФОТО)

Во денешното соопштение се апелира до граѓаните при прошетките во природа да бидат внимателни, бидејќи може да наидат на змии. 

Бидете внимателни: Змии се појавија во дворови на куќи, болница и факултет (ФОТО)

Повеќе повици за многу итни случаи, меѓу нив и опасност од присуство на змии во објекти во населени места, се евидентирани изминатите 24 часа на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Скопјанец кој ја контактираше редакцијата на КУРИР информира дека во населба Лисиче, во неговиот двор се појавила змија.

КУРИР

Во 10:44 часот вчера, имало пријава за видени змии во дворот на ЈЗУ „Црниче“. Се барало итна реакција од соодветната институција за отстранување на проблемот. Во 17.02 часот имало уште една пријава за змија, забележана во дворот на Центарот за обука при Факултетот за безбедност – Скопје.

– Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период од годината. Завчера имаше пријави за појава на змии во објекти во општините Гази Баба и Прилеп. За вакви случаи на појава на змии во објекти во населени места, бидејќи не постојат специјализирани институции за нивно отстранување, има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, што можат да им помогнат на граѓаните, во рамки на нивните можности. Сѐ со цел за безбедно отстранување на змии, други влекачи и слично, секако, по непосреден контакт и договор со нив, потсетуваат од ЦУК.

КУРИР

Во денешното соопштение се апелира до граѓаните при прошетките во природа да бидат внимателни, бидејќи може да наидат на змии.

-Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена – не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот.  Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да се информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не, нагласуваат од ЦУК.

Изминатото деноноќие биле евидентирани и четири пожари на отворено. Пожарникари интервенирале во општините Центар, Битола, Карбинци.

Во општина Неготино се гаснеле запалена ниска вегетација на 0,3 хектари и на 0,1, се интервенирало на запалени жито, два напуштени објекта и на 12 пчелни семејства.

To top