Непостоечки одговор за непостоечки мигранти во СДС.
Надвор од сите норми и правила, претседателот на СДС денеска не и дозволи на македонската јавност да добие одговор на многу прашања поврзани со неговото неаргументирано и шпекулантско тврдење дека Македонија ќе „увезува“ мигранти од Британија. Со главата надолу, буквално пола секунда по крајот на прес-конференцијата на Бихаќка, каде секојдневен орнамент се децата од Младината на СДС, Филипче во стилот на Хусеин Болт, со вознемирен поглед буквално излета до говорницата на која го држеше пресот, оставајќи ги новинарите да прашуваат во празно додека тој „трчанката“ си заминуваше со нервоза која бликаше од неговата фацијална експресија.
Не добивме одговор дали има еден единствен доказ за шпекулацијата од Британија, лажна вест (fake news) со која опозициските медиуми се поткусуруваат со владата во Лондон.
Македонската јавност остана покуса и за одговор, како тоа „лидерот“ на СДС им верува на британски таблоиди без ниту еден факт во шпекулантските текстови повеќе отколку на Британската амбасада во Скопје, на премиерот на македонската држава како и на првиот човек на МВР.
Толку силно и брзо „излета“ од говорницата што не успејавме да дознаеме и дали по објавата во британските таблоиди дека земјата е рамна плоча, Филипче и СДС подготвуваат Резолуција во Собрание за промена на македонските учебници по географија.
Се извинуваме и за насловната слика каде тој е заматен, но принтскринот е таков токму поради огромната брзина со која Филипче излета, во уплав и паника од новинарските прашања.
Веќе не важи „на лагата и се кратки нозете“. По ново и поради Венко од денеска важи „на лагата и се БРЗИ НОЗЕТЕ“, се шегуваат наголемо и си играат „шенгеле“ со „лидерот“ по социјалните мрежи…
Другата, пак, вели дека поради уплавот од новинарски прашања сопартијците се организирале да го носат на бајачка кај Иван Исцелител.
Третата вели дека Фрчко мора да престане да се зафркава со Венко и „под хитно“ да прекине да му пишува вакви пародија-говори.
Четвртата вели: Оти никој не му кажал дека БРЗИНАТА УБИВА, политички кариери…
Како и да е, никој не може да каже дека мигрантската „герила акција“ на Филипче нема ефект, доказ за кажаното е што тој е вистински „хит“ за ботовите и цел интернет наголемо се потсмева со него…