Македонија Безбедно користење на интернет

Безбедноста на интернет е тема која ги засега сите : Во ООУ „Димитар Македонски“ започна многу важен проект (ВИДЕО)

Децата секогаш расположени за да научат нешто ново, наставниците со своето знаење да ги насочат и да им помогнат грижејќи се за нивната безбедност во секоја смисла, па така и од таа на Интернет.

Безбедноста на интернет е тема која ги засега сите : Во ООУ „Димитар Македонски“ започна многу важен проект (ВИДЕО)

Основното училиште „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче вчера ги отвори своите врати за почеток на проект кој ги засега сите- децата, наставниците, родителите….

Најсовремено опремена, со нова технологија и по модерни стандарди, оваа установа беше вистински избор за прослава на Меѓународниот ден за побезбеден интернет за децата.

„Димитар Македонски“ е училиште кое минатата година прослави шест децении постоење. Од него се излезени генерации ученици, денес возрасни луѓе, успешни во најразлични професии.

Еден од нив е и министерот Стефан Андоновски кој го отвори настанот.

-Сакаме да ја поткренеме свеста на младите, особено на учениците за важноста на безбедното користење на интернетот, на модерните алатки, на социјалните медиуми. И од тука сметавме дека ваква комбинација на музичко-ликовен хепенинг во кој ќе ги презентираме и придобивките на интернетот и безбедното користење на интернет, ќе разговараме со младите како побезбедно да ги користат овие алатки на современото живеење, е начинот како да допреме до најмладите, рече министерот.

Учениците со помош на наставниците ги покажаа своите бројни таленти на музичко-ликовен хепенинг, со претходно подготвени изложби и сценски настапи.

Децата секогаш расположени за да научат нешто ново, наставниците со своето знаење да ги насочат и да им помогнат грижејќи се за нивната безбедност во секоја смисла, па така и од таа на Интернет.

КУРИР разговараше со директорката на училиштето која објасни колку е значајно што овој проект почнува токму од „Димитар Македонски“.

-Пред сѐ да изразам благодарност до министерот Стефан Андоновски кој што одлучи токму овој проект да започне од нашето училиште. Започнувањето на овој проект ќе има долгорочни и позитивни ефекти и ќе помогне за создавање безбедна и информирана средина. Овој проект ќе ги едуцира, а и ќе ја подигне свеста кај учениците околу безбедноста на користење на интернетот. Секако, со проектот ќе се зајакне и соработката на училиштето со семејствата односно родителите кои се многу важна алка за образовниот процес заради постигнување на поголеми успеси, рече директорката.

Градоначалникот на Аеродром Дејан Митески говореше за значењето на пораките кои овој настан ги испраќа.

-Се надевам дека со ова ќе поттикнеме еден нов начин на размислување и кај децата, но пред се и кај родителите имајќи предвид дека обврската наша како родители е да ги заштитиме децата од користење на небезбеден интернет, истакна градоначалникот.

Настанот кој беше организиран вчера дечињата ќе го паметат многу долго. Во училишната сала посебен настап имаше славниот ди-џеј Боно, а свој концерт само за нив одржа нивниот омилен Пајак.

Ова училиште веќе има преземено низа мерки за заштита на учениците, меѓу кои веќе е воведена забрана за користење на мобилните телефони за време на настава. Децата се должни кога ќе дојдат на часови телефонот да го остават на посебно означено место и од таму можат да го земат по завршување на последниот час, пред да си заминат дома.

Настанот беше органзиран во рамки на проектот “МКСафеНет/Центар за побезбеден интернет” проект кој е дел од програмата Дигитална Европа.

Најнови вести од Македонија

To top