Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, на својата официјална Фејсбук страница информираше за средбата со проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
-Посебно ми е драго што мој долгогодишен пријател е токму проф. д-р Влатко Неделковски, со кој денес имав голема чест да се сретнам, напиша Стаменкоска Трајкоска.
На средбата станало збор за здравјето на младите и позитивните ефекти од редовното вежбање, како за физичката форма, така и за психичката благосостојба.
Таа додаде дека размениле идеи и заеднички визии за проекти кои ќе ја подигнат свеста за здрави навики и активен животен стил, а договорени се и конкретни активности што ќе се реализираат во општина Кисела Вода.
-Верувам дека со вакви иницијативи можеме да мотивираме повеќе млади да водат активен и здрав живот, порача кандидатката за градоначалник.