Македонија Историски договор

Бела куќа: САД и Македонија договорија рамка за фер и реципрочна трговија

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа рамковен договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа.

Бела куќа: САД и Македонија договорија рамка за фер и реципрочна трговија

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа рамковен договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа.

Во заедничката изјава се наведува дека двете земји „се согласија на рамка за договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија со цел да се зајакне билатералната економска соработка и да се обезбеди проширен пристап на извозниците од двете земји до меѓусебните пазари“.

Според договореното, Македонија ќе ги укине царинските давачки за американските производи. Во соопштението се нагласува дека „Македонија ќе ги елиминира царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД што се извезуваат во Македонија“.

Од друга страна, САД ќе задржат одредено ниво на царини за македонски производи. „Соединетите Држави ќе ги задржат на ниво од 15 проценти реципрочните тарифи за производи со потекло од Македонија, а истовремено ќе идентификуваат производи што ќе добијат нулта стапка на реципрочна тарифа“, се наведува во текстот.

Двете страни се обврзуваат и на решавање на нефискалните бариери.

„САД и Македонија ќе работат на адресирање на загриженостите поврзани со нефискалните бариери што влијаат врз билатералната трговија во приоритетни области“, стои во изјавата. Дополнително, тие „се обврзуваат да одржуваат консултации со цел да се адресираат и спречат бариери за американските земјоделски производи на македонскиот пазар“.

Во делот за енергетиката се истакнува поддршката за изградба на гасниот интерконектор со Грција. Во соопштението се наведува дека проектот ќе овозможи и набавка на американски течен природен гас, при што „Македонија ќе започне со купување на американски LNG по завршувањето на новиот гасен интерконектор“.

Документот содржи и обврски за заштита на животната средина и дигиталната економија. „Македонија се обврзува да усвои и одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефективно да ги спроведува своите закони“, се наведува во текстот. Во однос на дигиталната трговија, се посочува дека земјата „се обврзува да не воведе данок на дигитални услуги и да ја поддржи трајната мораториумска одлука за царини на електронски преноси во рамки на Светската трговска организација“.

Двете земји оценуваат дека договорот претставува чекор напред кон продлабочување на економските односи и зајакнување на стратешкото партнерство.

Најнови вести од Македонија

To top