Македонија Bитка со антисоцијалните пороци

Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години

Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години.

Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години

Австралија влезе во директен судир со антисоцијалните „придобивки“ на социјалните мрежи, кои најмногу влијаат на децата и младите. Ќе забрани, со закон, употреба на овие мрежи за деца под 16 години. За сега не е познато како владата планира и очекува од социјалните мрежи да го спроведат овој лимит, но е познато дека има намера законот да го протурка низ парламентот во следните три недели.

Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години.

Целата работа е така поставена што децата кои ќе пристапат до социјалните мрежи нема да бидат казнети за тоа, ниту нивните родители, меѓутоа ќе има казна за компанијата што управува со платформата.

Забелешката е дека до сега ниту една држава не успеала да имплементира систем за потврдување на возраста без дополнителни проблеми.

To top