Македонија возете внимателно

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози

Од СВР Тетово денес испраќаат апел возачите кои планираат да се движат кон повисоките планиниски места во Полошкиот регион да бидат внимателни поради влажните коловози кои и замрзнуваат во вечерните часови и при ниските температури. Потсетуваат дека задолжително е да поседуваат зимска опрема, а воедно да ја приспособат брзината според условите на патот.

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози

– Есенските врнежливи денови, покрај другото, причинуваат влажни коловози и отежнато движење на возилата, особено на високите планинските патишта во Полог, кон Стража и Маврово и пред сè по долината на Радика, најчесто доцна навечер и во раните утрински часови. Доколку во наредните денови позначително се спуштат температурите, како што најавуваат синоптичарите, на овие патишта можна е појава и на голомразица, како и одрони од земја и камења, посочува портпаролот Марјан Јосифоски.

Возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка.

– На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња, да не консумираат алкохол кога седнуваат зад волан и да не управуваат неподготвени и заморени. Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово континуирано спроведуваат и во наредниот период ќе продолжат со засилени контролни активности, во чие средиште ќе биде техничката исправност, како и брзината со која се движат во и надвор од населените места, се вели во апелот.

Техничките неисправните возила ќе се исклучуваат од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци, како и за пребрзите и возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

To top