Македонија КОЊАНОВСКИ СУПЕРИОРЕН ВО БИТОЛА, НЕЗАВИСНИТЕ ПОДОБРИ ОД СДСМ

Анкета на ИПИС: Тони Коњановски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство во општина Битола

На прашањето „за кој кандидат за градоначалник на општина Битола ќе гласате на локалните избори“, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ има доверба од 26,6% од испитаниците, Габриела Илиевска со 11,2%, за кандидатот од СДСМ Методија Куневски се изјасниле 10,8% од испитаниците, Јорго Огненовски од Демократи 2,5%, Зоран Николовски 1,5% и за кандидатот Мирјана Мирчевски се изјасниле  1,4% од испитаниците.  

Анкета на ИПИС: Тони Коњановски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство во општина Битола

Од спроведената анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ за локалните избори, за случувањата во земјава и за рејтингот на политичарите и политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ има убедливо поголема поддршка од СДСМ пред Локалните избори во Македонија.Телефонска анкета, направена во октомври на 1004 испитаници, со маргина на грешка плус-минус 3 насто.

На прашањето „за кој кандидат за градоначалник на општина Битола ќе гласате на локалните избори“, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ има доверба од 26,6% од испитаниците, Габриела Илиевска со 11,2%, за кандидатот од СДСМ Методија Куневски се изјасниле 10,8% од испитаниците, Јорго Огненовски од Демократи 2,5%, Зоран Николовски 1,5% и за кандидатот Мирјана Мирчевски се изјасниле 1,4% од испитаниците.

Оваа анкета покажува дека најголема поддршка добива кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

На прашањето за која партија/советничка листа би гласале на изборите во општина Битола? За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 24,7% од испитаниците, за СДСМ 11,6%, за Левица 6,9%, ЗНАМ има доверба од 4% во Битола, Граѓанска иницијатива Грин 3,6%, Коалиција за Зелена иднина 3% и ЛДП 1%.

На прашањето која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори? 29,2% од испитаниците сметаат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, 9% се изјасниле за СДСМ, за Левица 4,2% од испитаниците и за ЗНАМ 2,6%.

To top