Македонија потписи

Анкета на дело: Илјадници граѓани пред пунктовите на ДИК чекаат да стават потпис за кандидатурата на Силјановска Давкова

Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи, потенцираат од опозициската ВМРО-ДПМН.

Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден, децидни се од опозициската партија.

Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Доаѓаат промени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top