Македонија Jавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци

Андоновски: Заложба на оваа Влада е да биде транспарентна и отворена

Министерот информираше и дека МДТ направило значајна техничка модернизација на порталот, а во рамки на унапредувањата, беше промовиран и ВИ чат-бот интегриран со порталот, развиен во соработка со Македонски Телеком и со ангажман на волонтери од Министерството, кој треба да им помогне на граѓаните полесно да стигнат до потребните информации.

Андоновски: Заложба на оваа Влада е да биде транспарентна и отворена

Министерството за дигитална трансформација во соработка со Фондацијата Метаморфозис, денес одржаа јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, со цел да се унапреди систематското објавување и користење на јавните податоци.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека транспарентноста и отвореноста се јасна заложба на Владата.

-Нешто што е заложба на оваа Влада е да биде транспарентна, отворена, да објавува информации што се важни за граѓаните, но не секогаш само за соопштенија, закони и одлуки, туку и на ниво на тековни анализи, на документи до кои се стасува до работа во владините институции, но на еден систематски начин. И досега постоеше портал за отворени податоци Data.gov.mk, за жал, без многу голема употреба, а сега со овој закон мислиме дека ќе ги расчистиме правилата и начините како да се стигне до отворените податоци, како државните институции треба да ги објавуваат и како и на кој начон може да се користат, изјави Андоновски.

Министерот информираше и дека МДТ направило значајна техничка модернизација на порталот, а во рамки на унапредувањата, беше промовиран и ВИ чат-бот интегриран со порталот, развиен во соработка со Македонски Телеком и со ангажман на волонтери од Министерството, кој треба да им помогне на граѓаните полесно да стигнат до потребните информации.

-Променет е и оперативниот систем на кој работеше, целосно бекенд надградба што се случи затоа што сите екстензии биле направени одамна со странска поддршка, но никогаш не биле надградени. Сега имаме нов, современ портал за отворени податоци, лесно достапен, а во соработка со Македонски Телеком и нашите волонтери од Министерството, за прв пат имаме чат-бот кој користи вештачка интелигенција и кој на лесен начин ќе може да им помогне на граѓаните, заинтересираните, здруженијата, лесно да дојдат да дојдат до податоците, без да мора сами да пребаруваат низ множества податоци, туку со едноставни промптови да стигнат до информациите кои им се потребни, рече министерот за дигитална трансформација.

Тој додаде дека има нацрт-текст за овој закон кој е потребен за зголемување на транспарентноста и користење на податоците, но, како што нагласи, тој текст не е врежан во камен и затоа изрази подготвеност да биде променет и подобрен доколку заинтересираните сметаат дека за тоа има потреба.

-Овој текст на закон е во насока полесно да се стаса до информациите кои се важни за невладинте организации и граѓаните, а исто така ги обврзува институциите да ги споделат овие информации со нив, рече министерот Андоновски во изјава по воведните обраќања на настанот.

Исто така, посочи дека се подготвува и техничка надградба на самиот портал Data.gov.mk.

-Тоа ќе овозможи тој да ги влече по автоматизам податоците да не треба некој одговорен во институцијата да ги објавува. Мислам дека кога ќе создадете висококвалитетни, огромни дата сетови тогаш и користењето ќе се зголеми, бидејќи во моментов таа е навистина многу мала, истакна министерот за дигитална трансформација.

Нацрт законот е подготвен во рамки на усогласувањето со правото на Европската Унија и европските политики во оваа област.

Најнови вести од Македонија

To top