Македонија заштитата на волјата на граѓаните од злоупотреба

Андоновски и Јанушев на средба со претставниците на ОБСЕ: Најголема обврска ни е заштита на волјата на граѓаните од злоупотреби и навремена превенција на можни нерегуларности

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски и членот на ИК и пратеник во Собранието на Република Македонија, Игор Јанушев остварија средба со претставници на мисијата на OSCE/ODIHR.

Андоновски и Јанушев на средба со претставниците на ОБСЕ: Најголема обврска ни е заштита на волјата на граѓаните од злоупотреби и навремена превенција на можни нерегуларности

Најголема обврска ни претставува заштитата на волјата на граѓаните од злоупотреба и навремена превенција на можни нерегуларности. Клучна во овој сегмент е поддршката и присуството на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

На средбата се разговараше и за придонесот на номинираните министри и заменици министри во техничката влада предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат за цел обезбедување на легален изборен процес за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Со лична заложба и реализација на проекти по изборите, мораме што поскоро да ја поправиме сликата за нефункционалноста на системот која владее во перцепцијата на секој ѓраѓанин во последните години.

Најнови вести од Македонија

To top