Во најновата епизода на НАТКАСТ со Љупчо Цветановски гостинка беше Марија Андоновска член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, директор на Институтот за јавно здравје. Таа даде свое видување на тоа што ќе значи оваа победа, која се надѕира, за нејзе, за парtијата, за Македонија.
-Многу разбирливо е дека некој што ќе се соочи со ваков пораз како што сега ќе се соочат Социјалдемократскиот сојуз, очекувањата се дека, претпоставувам ако сакаат да постигнат нешто во иднина дека мора да има некакви реформи во нивните внатрепартиски поставености и делувања. Но, тоа е нивна внатрепартиска работа, изјави Андоновска.
Таа додаде дека би сакала да имаме опозиција која што ќе биде малку посилна и поконструктивна и луѓе кои што ќе можат да допринесат со своите идеи, предлози во интерес на целокупната држава, без разлика дали се опозиција или не.
-Тоа е она што би го посакувале, и тоа е нешто нормално што било кој би треба да го посакува. Не би посакувала нешто спротивно на тоа, не е добро за никого, ниту за нас како партија која што е на власт, ниту пак за граѓаните е добро да се има една таква опозиција, едни такви луѓе кој што во меѓу време не покажуваат никаква идеја, нуту пак имаат препорака и визија што со државата и што со граѓаните, потенцира Андоновска.
Таа потенцира дека ни треба коректор во насока да ги насочиме работите онаму каде што навистина треба да бидат.
-Тоа не значи дека таа безидејност треба да прави такви црни сценарија, да креира лаги. Уште повеќе губат во очите на граѓаните, бидејќи таа немоќ се гледа. Овие лаги не им поминуваат, бидејќи не ги кажува некој на кој што луѓето му веруваат.
Андоновска е децидна дека оваа победа ќе значи одговорност.
-Ќе се навратам на почетокот на прашањето, што ќе занчи оваа победа, да оваа победа ќе занчи одговорност, од самите нас, сите оние што ја добиваат довербата. Сме докажале многупати досега дека практично тоа значи одговорност. Ние ќе треба да вратиме за таа доверба што ќе ни биде дадена. А ќе се врати само на еден начин со реализација на веќе понудените проекти и со, да продолжиме со чесност, со одговорна и со транспарентна работа, потенцира Андоновска.