Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска имаше состанок со Абебајеху Менгисту, координатор на центар за итни случаи на СЗО за Балканот и Арта Кули, национално стручно техничко лице за итни случаи при Канцеларијата на СЗО во Скопје, каде што разговараа за тековната работа и иницијативи кои се планираат да се спроведуваат во соработка со експертите од ИЈЗ.
Целите на овој состанок вклучуваат: Преглед на програмските активности на СЗО за здравствени итни случаи (WHE), брифинг за тековните и планираните активности на WHE во подрегионот, со акцент на клучните достигнувања и тековните напори во согласност со регионални и глобални обврски, преглед на заедничките активности преземени од СЗО и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
На состанокот се разговарало и за зајакнување на соработката и координацијата, како и за потенцијалните можности за продлабочување и унапредување на соработката и координацијата меѓу СЗО и ИЈЗ.
Тема било и истражување на стратешките приоритети на ИЈЗ за следните две години и идентификување на областите каде што СЗО може да обезбеди насочена поддршка, за да помогне во постигнувањето на националните и регионалните здравствени безбедносни цели.
На состанокот присуствуваа и проф. д-р Голубинка Бошевска, проф. д-р Игор Спироски, асс. д-р. Драган Кочински и дипл. спец. лаб Милица Стојановиќ Симова.