Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Андоновска: 2 години условно, за стотици упропастени животи на болни од рак е не само потценување на интелигенцијата на народот, туку и непочитување на жртвите

– Со години пациентите добивале физиолошки раствор наместо терапија, додека тие мислеле дека се лекуваат, тие всушност умирале, изјави Андоновска.

Андоновска: 2 години условно, за стотици упропастени животи на болни од рак е не само потценување на интелигенцијата на народот, туку и непочитување на жртвите

Прес-конференција на Викторија Андоновска

„2 години условно, за десетици, стотици упропастени животи на пациенти болни од рак е не само потценување на интелигенцијата на народот, туку и непочитување на жртвите.

Со години пациентите добивале физиолошки раствор наместо терапија, додека тие мислеле дека се лекуваат, тие всушност умирале.

Само судството на СДС и ДУИ со 2% доверба, која од вчера е 0%, може да донесе условна казна за ваков случај.

Стотици пациенти кои се надеваа дека животот ќе им биде продолжен, им бил скратен, а судството досудува условна пресуда.

2.2 милијарди денари е оштетен буџетот, со злоупотребата на терапијата и нејзиното препродавање, а судството донесува условна казна.

Во нормални околности по ваква пресуда ќе имавме разрешување на судии, а потоа и оставки од цел судски совет.

Судскиот систем е зрел за ремонт, и тоа мора да се случи. Неправдите не смеат да продолжат да бидат наше секојдневие.“

 

To top