По повикот на Венко САД да не’ бомбардира како Иран или да ни го киднапира државниот врв како во Венецуела, затоа што сме биле ист режим како во Техеран и Каракас, денеска посведочивме на нов преседан од Бихаќка каде има вистинска поплава и непристоен наплив на „патриотизам“, синдром кој инстант ги зафати одродите од СДС, а т.н. „тригер“ или прекинувач за новокомпонираниот наплив на чувството кое не им прилега се едни документи на ЦИА, акти во кои се покажа дека Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за смена на името на државата.
Јавноста логички праша, колку тогаш земале Заев и Филипче многу години потоа? Оние кои орно и со песна го сторија истото кое Глигоров го одбил?
Башка, цената сигурно пораснала по одбивањето и минувањето на времето, рапидно. Од таму ли пари за облакодери во Дубаи? Иако, носачот на неприфатеното куферче и сега е дел од СДС, а синот Шмрчко во ИО на партијата.
Колку ли чинело она што никој нормален во Македонија не сакал да и’ го направи на својата земја и на својот народ. 300, 500 милиони, милијарда евра/долари ли? Колку лапнала врхушката на СДС?
И, сега, кој отроиран ќелепур ќе побара актуелната власт да го врати исконското име кое тие насила го сменија, без почитување на Референдумското громогласно НЕ на народот, со уцени и пратеничиња фатени за „онаквите“ за да гласаат ЗА анационалната, оикофобна идиотштина на СДС?
Та, кој друг ако не прелетачот Жерновски, внучето на бугарскиот колаборационист, кој арогантно и „прштејќи“ со фејк-македонштина која му стои како пижами на слон, безобразно свика од говорницата на Бихаќка:
„Но кажете ѝ тогаш и на меѓународната заедница, на Европската Унија и на НАТО и кажете му на народот, додека летаат ракети кон Европа, дека Македонија нема да биде во НАТО, дека нема кој да нè брани и дека ќе бидеме сами.
Кажете отворено дека повторно ќе бидеме БЈРМ, дека повторно ќе бидеме ФИРОМ. Ајде, de facto и de jure, меки ткива, мекотели (тоа беше привремено име за надворешна употреба прифатено токму од владата на Црвенковски, договор потпишан на 20 дена пред обидот за атентат врз Киро Глигоров?!?!).
Продолжете до крај со изолацијата во која ја туркате земјата. Така многу полесно ќе можете да терате тендери, ќе си го заокружите целиот процес што сте го започнале“, се раздра полно со лажен патриотизам Жерновски, дел од тендер-коалицијата СДС/ДУИ коај ја зацрни Македонија.
Ова доаѓа од најавтошовинистичката партија во светот, преполна со самопрезир за се што е македонско, со толку љубов и преценетост кон се што е странско, ликови кои бликаат со самонегација, кои оставија редица „ВРЕЛИ КОСТЕНИ“ како ДВОЈАЗИЧНОСТ, Француско-бугарски предлози, хохштаплери кои со тоа за век и веков ја урнисаа евроинтеграцијата, коленичари кои преку својот лидер Филипче бараат сојузниците да не бомбардираат како Иран или да ни го киднапираат државниот врв, единствен начин за да СДС се врати на власт.
Истото го кажува човечето кое пред да замине за амбасадор како подарок за несебичната поддршка на хунтата, ќе рече: „Среќни сме што живееме во време на Зоран Заев?!?!?!“ Амати среќата, да си го носите дома…
Прво, преименувајте се во СДСС, подобро ви прилега. М, воопшто…
Второ, извинете се за сите антинационални зулуми од независноста до сега, за промена на знаме, за катастрофалната транзиција, за територијална поделба, за промена на исконското име, на Устав, преамбула, за двојазичноста, за сите идиотштини кои ги направивте и оставивте во наследство.
Трето, не грижете се, името ќе го врати никој друг туку македонскиот народ, „ма секирација“, тогаш кога ќе дојде вистинското време ќе го оправи она што вие хохштаплерите го ус.авте, за сите пари. Поинаку, ништо нема смисла. За вистинскиот Македонец. Вие не сте меѓу нив. Меѓу нас…
Четврото, сетете се што ви кажа стопанот Заев, патриотизмот не ви прилега.
Партија која за да си го обели црниот образ, во првите редови натопори лик кој може само да им го обели носот. Чиј родител е познат по понудени ковчежиња за смена на име. Куферчиња кои, очигледно, некој друг не ги одбил. Чин кој објаснува чуму „отфрлениот“ син се врати во јатото на голема врата, топ-тан со се ‘ фамилија.
Над сите како „дамоклов меч“ над глава им „виси“ обвинението за предавство и ставање на сопствената држава во подредена улога, чин кој стана ваш знак на препознавање. Ако не за тоа, компензационо „че си лежите“ за класичен криминал со тендери, марихуани, модуларни, онкологии, рекет за купување болници, пошти, лотарии, ЕЛЕМ-и, ФИТР-ови и ред други арамиски зезалици. Ако не ни верувате, прашајте го другарчето ви Груби, од кој косата на Венко му е дигната со денови (ВИДИ ФОТО).
И аман, викнете го Чом, да ви го изгаси светлото на Бихаќка…


