Идни перспективи и што мора да се измени
Денес ја завршувам анализата за рас/падот на СДСМ како политичка партија и релевантен политички субјект на политичката сцена во Република Македонија. И веднаш да појаснам: доколку СДСМ сака и понатаму да биде активна и релевантна политичка партија мора да се реформира. Од корен да се реформира. Под број еден, првин треба да направи нова платформа за идеите на солидарност и социјална правда, за да си ја врати “испарената“(изгубената) социјалдемократска есенција. Под број два, треба да изгради нови и модерни социјалдемократски политики, кои ќе го трасираат новиот пат(во смисла на “трет пат“ или нова левица во вистинска смисла на зборот).За такво нешто треба да отвори дискусија за квалитет во своите редови и квалитет на ефикасно и продуктивно политичко дејствување. Мора да ја подобри политичката компетентност, способност и подготвеност за политички дејствија, дуели, натпревари и победи. Историската и културолошката несигурност(сите грешки што ги направи до денес) мора да јанадмине. Ненаучените лекции да ги претвори во ново знаење, умеење и дејствување во склад со националните и државните интерерси на Република Македонија – да нема веќе глупости од типот на менување на Знаме(државно), Устав(на Република Македонија, Име(Република Македонија) и Историја(македонска).
Ваквата цел бара вистински одговори на следните прашања:
- Хроника на една најавена политичка смрт
Има ли простор за ново идеолошко ре/позиционерање на СДСМ?
Зошто СДСМ повеќе нема допирни точки со социјална правда и општествената кохезија во национални рамки?
Дали и колку СДСМ ја разгради социјалната матрица и предизвика социјална безнадежност кај ранливите групи граѓани во Македонија?
Дали СДСМ падна од власт бидејчи пречесто го навредуваше здравиот разум, убедувајќи не нас граѓаните дека она што го гледаме, слушаме и чувствуваме, не постои. Беше ли “новата реалност“ и “само перцепција“ на Заев и Ковачевски, погубно за судбината на СДСМ?
Како да се истера духот на Зоран Заев од “болниот од Бихаќка“?
Понатаму, со кои факти СДСМ треба да се соочи и од нив да извлечи поуки? Тие се:
- СДСМ – партија без идентитет и кредибилитет
СДСМ веќе не е идејно конципирана и структурно дизајнирана партија.
СДСМ нема кредибилитет на сериозен политички субјект.
СДСМ повеќе нема народен/граѓански легитимитет.
Како се враќа идејната конципираност(левичарска социјалдемократска партија), каоо се станува сериозен политички субјект со кредибилитет, и како да се врати изгубената доверба од македонскиот надод? Одговорите на овие парашања(три во едно) се одговори од милиони долари. СДСМ мора да ги најде и да ги спроведе во дело. Не ли го направи тоа и следува(како што вели мојот син Филип) депресија, во метафорична, море и секаква друга смисла.
Еве еден од можните почетоци:
- СДСМ е во сенката на своето минато или со нов курс?
Прашање: Дали СДСМ е во сенката на своето минато или со нов курс?Одговор: Да! СДСМ е во дебела сенка од минатото во кое направи катастрофални државнички, политички, економски и социјални грашки, штетни за Македонија. А во врска со курсот, СДСМ не само што нема нов корус, кој и е повеќе од потребен, туку таа веќе нема никаков курс.
Е па под итно излегување од таа сенка, и изнаоѓање на вистинскиот социјалдемократски курс.
За такво нешто на СДСМ неопходна и е промена на комуникацијата внатре во партијата, ама уште повеќе од потрбни и се нови современи методи на комуникации со граѓаните избирачи. Разочараноста на членовите на партијата е внатрепартиско прашање. Ама разочараноста на избирачите е многу поголен проблем. Тоа е изгубена доверба од јавноста. А тој проблем не се решава туку-така и преку ноќ. Непобитен факт што го потврдуваат парламентарните и претседателските избори од 2024г. и локалните избори од 2021г. и 2025г. Тоа е низа од 4(четири) изборни порази, во период од 5 години. Овие порази треба да се претворат во НАУЧЕНИ ЛЕКЦИИ, а не за нив да се употребуваат најсмешни еуфемизми, како бекство од вистината и реалноста. Тука ќе им помогне Ерих Фром, кого извонредно го ценам, а да не заборавиме дека тој е филозоф/социолог левичар.
А главен совет од мојата маленкост е: СДСМ да ја напуштат демократијата без народ, што со години ја практикува, и да ја прифатат и спроведуваат вистинската инклузивна и делиберативна демократија.
Од мене, ете толку. Со среќа!
Сотир Костов