Македонија МНРНТ

Амбасадорот повикан во министерство: Протестна нота од Македонија за Русија

Амбасадорот повикан во министерство: Протестна нота од Македонија за Русија

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

-Притоа, на рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Најнови вести од Македонија

To top