Македонија По трагедијата

Амбасадорката Агелер изрази сочувство: Срцето ми се кине, понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД

„Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. На премиерот Христија Мицкоски му понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес,“ напиша Агелер.

Амбасадорката Агелер изрази сочувство: Срцето ми се кине, понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. На премиерот Христија Мицкоски му понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес,“ напиша Агелер.

Најнови вести од Македонија

To top