Македонија Министерство за здравство

Алиу: За пациентите од денеска е достапен нов јавен портал со листа на закажани елективни хируршки интервенции – воспоставуваме ред и ја унапредуваме транспарентноста во јавните здравствени установи

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој на јавен портал е достапна листата на закажани елективни хируршки интервенции.

– Првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронска евиденција на закажаните интервенции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принцип „прв дојден, прв услужен“. Порталот овозможува пребарување и приказ на податоци преку повеќе комбинирани параметри за да биде корисен и за граѓаните и за креаторите на политики. Корисниците на јавниот портал можат да пребаруваат по: специјалност на лекар, хируршка интервенција, јавна здравствена установа, лекар специјалист, број на пациенти кои чекаат, посочува министерот Алиу.

Тој наведе и дека во моментот евиденцијата за елективни хируршки интервенции се води во системот Мој термин преку издавање упат со тип „болнички упат за операција“, но утврдени се недоследности, меѓу кои дека упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред самата интервенција, дел од установите и лекарите користат друг тип упат (конзервативен третман) за евиденција на пациенти на листата, а лекарите листите ги водат во хартиена форма, додека листите на чекање не се редовно прочистувани и тоа создава неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби.

– До јавните здравствени установи кои вршат хируршки интервенции веќе се испратени поединечни известувања со податоци од спроведената анализа. На установите поединечно им е посочено дали и колку се разликува бројот на извршени интервенции, со бројот на реализирани упати за операција во системот Мој термин. Со оваа новина ја унапредуваме транспарентноста, овозможуваме реално мерење на времето на чекање, а со тоа и подобро планирање и распределба на ресурси, како и примена на европските практики во оваа област, заклучи министерот.

ЛИНК ДО ПОРТАЛОТ: https://operacii.zdravstvo.gov.mk/

Најнови вести од Македонија

To top