Македонија Министерство за здравство

Алиу: Со новиот Закон побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност

Министерот на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор.

Алиу: Со новиот Закон побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор.

– Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Воведени се и електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката, посочи министерот Алиу.

Дополнително, се зајакнува контролата на квалитетот и безбедноста, се унапредува фармаковигиланцата и се подобрува координацијата меѓу институциите. Законoт предвидува и построги правила за клинички испитувања, како и нов систем за управување со фармацевтски отпад од домаќинствата.

Целта на новото законско решение е да се обезбеди подобра регулација на цените, поголема достапност на терапијата и долгорочна одржливост на здравствениот систем.

Предлог-законот ќе биде достапен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од понеделник, наредната недела, каде јавноста ќе може да достави свои забелешки и предлози.

Најнови вести од Македонија

To top