Македонија Интервјуа КУРИР ИНТЕРВЈУ

Алексовски: Заедно ќе градиме нов концепт на градот за просперитетна и напредна Крива Паланка

Максимална посветеност во работата, одговорност, чесност и кредибилитет како личност се она што го одликува кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Алексовски, кој влегува во трката за прв човек на општината со повеќе од три децении искуство политички ангажман во ВМРО ДПМНЕ, искуство од највисокиот законодавен дом, како пратеник во Собранието на Република Македонија, но и на високи раководни функции во секторот за внатрешни работи и одбрана.

Алексовски: Заедно ќе градиме нов концепт на градот за просперитетна и напредна Крива Паланка

Максимална посветеност во работата, одговорност, чесност и кредибилитет како личност се она што го одликува кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Алексовски, кој влегува во трката за прв човек на општината со повеќе од три децении искуство политички ангажман во ВМРО ДПМНЕ, искуство од највисокиот законодавен дом, како пратеник во Собранието на Република Македонија, но и на високи раководни функции во секторот за внатрешни работи и одбрана.

Во интервјуто за КУРИР Алексовски истакна дека главната цел во неговото работење се граѓаните на Крива Паланка и нивниот просперитет.

КУРИР: Што претставува за Вас, довербата која ја добивте од ВМРО-ДПМНЕ да бидете кандидат за градоначалник на општина Крива Паланка?

Алексовски: Довербата дадена од страна на раководството на партијата да бидам кандидат за градоначалник, претставува огромна чест за мене, за што упатувам благодарност и до претседателот Христијан Мицкоски и до извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Верувам дека мојата одговорност и кредибилитет како личност, искуството и посветеноста на градот и граѓаните, програмата што ја подготвивме со мојот тим, а го таргетира секој граѓанин и е осмислена да биде функционално решение на секојдневните проблеми со кои се соочуваат, ќе бидат единствениот и сигурен избор за граѓаните на претстојните локални избори за просперитетна и напредна Крива Паланка.

Facebook / Оливер Алексовски – Кандидат за градоначалник на Крива Паланка

КУРИР: Како искуството од Собранието и работата во безбедносниот сектор ќе ви помогне како градоначалник?

Алексовски: Искуството од животот,  потребата секојдневно да се менаџираат различни ситуации во кои е неопходна максимална посветеност, сериозен и одговорен пристап, флексибилност, одговорност и чесност, се нешто што е мој препознатлив стил и тоа го знаат сите мои пријатели, блиски, соработници, колеги и моите сограѓани. Понатаму, мојот долгогодишен, повеќедецениски, политички ангажман во ВМРО ДПМНЕ, со искуството од највисокиот законодавен дом, само ќе биде додадена вредност на тоа што граѓаните ќе го изберат со ВМРО-ДПМНЕ и советниците, со мене како иден градоначалник, зашто наша главна цел се граѓаните и нивниот просперитет. Моите сограѓани еднаш ми ја дадоа довербата – да бидам нивен претставник и гласноговорник на сите нивни потреби во парламентот. Јас сум човек кој умее да го слушне секој глас, секој човек, добро знам со какви невољи и проблеми се соочуваат граѓаните. Низ повеќегодишното искуство сум се трудел да помогнам и да ги решавам, сум решавал голем број од нив. Верувам дека на локално ниво со целокупната поддршка од владата и институциите на национално ниво, со сите сили и расположливи ресурси, со сите пријатели што сум ги стекнал во животот, верувам дека ќе успееме да им донесеме чесно и достоинствено живеење на граѓаните на Крива Паланка.  Убеден сум дека и тоа искуство и искуството од професионалниот ангажман, но и воопшто, како жител на Крива Паланка, со внимателно и темелно изработената програма, ќе го втемелиме новиот лик на Крива Паланка.

📣 По официјалното поднесување на кандидатурите, вечерва одржавме состанок на Изборниот штаб.

Со голема чест и…

Posted by Оливер Алексовски – Кандидат за градоначалник на Крива Паланка on Saturday, September 13, 2025

КУРИР: Со каква мотивација влеговте во трка за прв човек на градот?

Алексовски: Кога градот во кој живеам целиот мој живот и во кој растат моите деца, го гледам во перспектива на просперитет, развој и напредок, a од друга страна реалноста говори дека овој наш заеднички дом, Крива Паланка, за жал,нема индустриски капацитети, нема силни економски оператори кои ќе бидат основни двигатели на локалната економија, појдовната точка што е база на целокупниот локален економски развој, дополнителна мотивација не ви е потребна.
Во минатото ( минатиот век) Крива Паланка имаше неколку десетици илјади жители, многу индустриски капацитети, што подоцна пропаднаа, за жал, во текот на болната транзиција, а младите масовно се иселија низ државата и Европа. Затоа сметам дека,да,на Крива Паланка и треба да продолжи културниот развој, но дефинитивно час поскоро е потребна економска ренесанса.
Алармот одамна ѕвони, време е да се дејствува, не само да се зборува! Сликата на најважните сектори за удобен и достоинствен живот на граѓаните: здравство, економија, социјална заштита е бледа. Затоа – повикот на мојата човечка должност е најсилниот мотив за влез во трката во која ќе победат граѓаните, заедно со мене и ВМРО ДПМНЕ, за да се променат конечно ваквите негативни трендови кои во периодот што измина како да не беа воопшто ниту земени предвид. Време е да ги промениме нештата за просперитетна општина.

КУРИР: Кои три проблеми во Крива Паланка сметате дека се најгорливи?

Алексовски: Главен проблем на градот е немањето индустриски погони за вработување на населението, а локалната власт 8 години не донесе ниту една нова инвестиција, туку напротив, затворија неколку: „Орка“, чевларски погони, што по автоматизам продуцира невработеност и ја влоши уште повеќе економската состојба на домаќинствата. Невработеноста е проблем што мора да се стави на приоритетна листа на решавање, комплексен е и не е едноставно да се решава. Знам дека тука заедно со централната власт ќе вложиме најсилни напори да се намалува невработеноста и да се создаде позитивен биланс на состојбата. Ова е проблем што ќе се решава за долгорочно подобро утре на граѓаните на Крива Паланка. Трет, не помалку важен проблем е катастрофалниот однос на локалната власт кон проблемот со сообраќајниот метеж и уште покатастрофалните сообраќајни решенија што ги носеа за оваа проблематика, што резултира со сообраќаен хаос. Ние имаме концепт за долгорочно решавање на овој проблем.

Facebook / Оливер Алексовски – Кандидат за градоначалник на Крива Паланка

КУРИР: Како ќе се справите со иселувањето на младите?

Алексовски: Младите се и мора да останат база на општеството, и на општината и на државата. Тука се преплетуваат многу фактори, во прашање се  децении наназад  во кои трендовите на иселување на младите кои бараат подобра и сигурна егзистенција, не се позитивни. Затоа сме решени целокупната енергија за сѐ што може и треба да се направи, да биде насочена првенствено кон создавање услови младите луѓе, реално  да можат да бидат ангажирани, инволвирани и да се чувствуваат горди дома. Споменав дека немањето индустриски капацитети, економски оператори што ќе ги ангажираат младите е еден од клучните проблеми. Само со добри и применливи политики и мерки ќе се трудиме да понудиме различен тип можности за вработување и ангажирање на младите, да можат да бидат самостојни, да градат иднина во својата општина. Нема да биде лесно, тоа е процес што никој не се зафатил темелно да го решава и сметам дека ќе ја донесеме промената токму поради младите. А верувам дека тие ќе ги препознаат нашите идеи, програма и визија и заедно ќе градиме една поинаква Крива Паланка по изборите.

КУРИР: Што ѝ е најнеопходно на општината сега, како Ваша визија за подобро место за живеење?

Алексовски: По сѐ што посочив погоре, дека и невработеноста и немањето индустриски погони се најголемите проблеми што го мачат народот, а осум години локалната власт не го помести макар за еден процент во позитивна насока овој домен. Токму тука ќе биде отворена нова страница на Општина Крива Паланка во наредните години за економски развој, подобрување на локалната економија преку индустриски развој и развој на туризмот. Области во кои има многу голем потенцијал, а ние имаме решенија и програма.

📣Промоција на кандидатот за Градоначалник на Крива Паланка Оливер Алексовски и листата за Советници на ВМРО-ДПМНЕ

📅16.09.2025 (Вторник)
📌НУ Центар за култура- Крива Паланка
🕢 19:30 часот

Posted by Оливер Алексовски – Кандидат за градоначалник на Крива Паланка on Monday, September 15, 2025

КУРИР: Кратка порака до жителите на Крива Паланка, зошто граѓаните да го дадат својот глас за Вас?

Алексовски: Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и гласот за мене е глас за сите граѓани, за вас, за Крива Паланка. За Крива Паланка пристојно место за живеење, реално и вистинито, не само за реклама. Глас за подобро утре секој ден во Крива Паланка, за економски развој, за развој на спортот, развој и унапредување на туризмот, за подобра иднина на генерациите што денес живеат тука и за идните поколенија. За вложувања во инфраструктурата, во образованието и културата. Глас за човек што секогаш бил и ќе остане достапен за сите, за секој граѓанин. Моите сограѓани го знаат тоа, не сум се променил досега и ќе останам достапен и како градоначалник, за сите. Граѓаните на Крива Паланка го знаат тоа и го имаат мојот збор. Заедно ќе градиме нов концепт на градот, заедно ќе градиме просперитетна иднина за подобра Крива Паланка.

To top