Петнаесет пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа, еден од нив сѐ уште се води како активен, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Регионалниот ЦУК – Струмица, известува дека од 13.50 часот избувнал пожар на запалени ниска вегетација и нискостеблеста шума над душевна болница – „Негорци“. Интервенирано е со три противпожарни возила и деветмина пожарникари, како и шестмина шумари со две возила. Пожарот сѐ уште се води како активен, бидејќи преминал во непристапен терен, појаснуваат од ЦУК.
Вкупно 1.743 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, како итни се утврдени 70,28 отсто, а 29,12 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни.