Македонија

Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава

Премиерот Христијан Мицкоски на обележувањето на државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна на Свечената академија под слоганот „Завет кој обврзува” во Музејот на македонската борба рече дека како влада имаат јасен план што да прават во својот мандат.

Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава

Премиерот Христијан Мицкоски на обележувањето на државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна на Свечената академија под слоганот „Завет кој обврзува” во Музејот на македонската борба рече дека како влада имаат јасен план што да прават во својот мандат.

-Имаме програма, имаме генерална стратегија и ги имаме предвид овие работи кои ги спомнувам при носењето одлуки, но искрено се сомневам дека друг некој мисли на ова. Овдека еден од главните проблеми е политиката купи ден продај. И толку. Никој не размислува стратешки и долгорочно, рече Мицкоски и додаде:

„Наместо политичките противници да гледаат како да ми извадат од контекст изјава која ја кажувам за Преспанскиот договор која очигледно е иронична и се исмева со Преспанскиот договор, односно им ги потенцира и објаснува на сите двојните стандарди виза ви бугарскиот договор, дајте нека смислат нешто конструктивно и продуктивно и нешто втемелено на реалност и јасна стратегија за добро на државата. Еве, јас им кажувам дека ќе им прифатиме. Истовремено наместо да го лажат народот и да си играат со неговите чувства со предлогот за минимална плата од 27 700 денари, притоа сакајќи да заборавиме дека самите можеа ако сакаа тоа да го направат пред само 4 месеци да ги зголемат платите, наместо да го пљачкаат брутално буџетот на истиот тој народ, кого сега го потценуваат со вакви предлози, и да ја остават државата пред банкрот“.

Тој побара да размислуваме стратешки и за добро на државата, сметајќи дека ова е преломен период од кој ќе се знае ќе не биде или не.

„Знам дека звучи драматично некому можеби ќе му звучи и патетично, но дали знаете дека ако сакаме да успееме немаме избор освен да соработуваме. И тоа мора да почне веднаш и сега.

Тој површен пристап кон политиката не доведе до ова дереџе.

Иако и левицата и десницата во државава и кај македонските и кај албанските партии, имаа навистина и квалитетни луѓе, сепак не се изнајде сила да се утврди национална стратегија на државата.

Времето не работи за нас. Секој кој ќе ви каже така ве лаже. Времето работи против Македонија. И затоа сите може да чекаат. Само ние не смееме. Мора да се менуваме, мора да променуваме, мора да се развиваме, да реформираме, да се подобруваме. Од ден на ден, од час во час.

Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава. Тоа некому одговара, но на нас не. Јас сум убеден дека не му одговара ни на нрегионот, иако многу мислат дека ќе не проголтаат како територија во една таква ситуација, тоа нема да е така. На цел регион вклучително и на Бугарија и одговара развиена Македонија и напредна Македонија“, истакна Мицкоски..

„И заради сето ова, сакам да им порачам на сите кои се подготвени да се борат за овие идеи за сопствената држава, кои веруваат сеуште дека можеме и дека ќе успееме, кои се столбот, кичмата на македонската држава, чиј непоколеблив патриотизам ме потсетува на оној на луѓето чија организација ја славиме на дденешниот ден:

Јас сум вашиот глас. Секогаш да го знаете тоа. На секој родител кој сонува за своето дете и кон секое дете кое сонува за својата иднина ви ги упатувам овие зборови, јас сум со вас и ќе се борам за вас и ќе победам за вас. За сите граѓани во сите наши градови и села, го говорам ова мое ветување постојано, мора да ја направиме македонија повторно ваша, повторно горда, повторно безбедна, со институции, со ред, како земја на развој и просперитет каде што живеат среќни луѓе.

Тоа е нашата цел, тоа е нашата идеја.

Мојата порака денес овде е дека работите мора да се менуваат и мора да се менуваат сега, време е да се покаже на целиот свет дека како држава можеме, дека може да бидеме подобри и посилни од било кога.

Никогаш не се откажувајте, има времиња во животот кога човек едноставно сака да се откаже и да си оди дома, само ве молам верувајте ова не се такви времиња и, немојте никогаш да се откажувате, сум видел во животот многу брилјантни луѓе кои се откажале во својот живот, биле најдобри во својата група најдобри во класот, но се откажаа, сум видел други кои немаа посебен талент, а сега се меѓу најуспешните во својата сфера, затоа велам најважна е посветеноста, најважна е одлучноста, фокусот, и пркосот, никогаш не се откажувајте затоа што има надеж, никогаш не запирајте да се борите за тоа во кое верувате и за луѓето кои се грижат за вас.

Ништо кое е вредно да се прави не дошло на лесен начин, следејќи ги вашите убедувања значи дека сте обврзани да прифатите критика од оние на кои им недостасува истата храброст да го направат тоа што е исправно, затоа што само во вас е силата, во вас е силата на Македонија. Не дозволувајте никој да ви фрли сенка на сомнеж во вас самите и во нас заедно и да ве уверува дека државава нема да успее. Јас ви велам на овој ден овде, заедно ќе успееме“, порача Мицкоски!

To top