Македонија утврдено присуство на колиформни бактерии

АХВ: Засилен надзор на вода од Косово, водата „Ругове“ е неисправна!

По добиен лабораториски наод од Факултет за ветеринарна медицина на Македонија со лабораториски резултат број 2025/2/113 за пратка Природна изворска вода Ругове од 1,5 литра во количина од 22,338 кг, со потекло од УЈ Рутове, Косово, наменета за оператор со храна Даути Комерц од Скопје е утврдено присуство на колиформни бактерии кој не е во согласност со Правилникот за посебните барања забезбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (,Службен весник на РМ“ бр. 184/20218).

АХВ: Засилен надзор на вода од Косово, водата „Ругове“ е неисправна!

Поради добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од Република Косово, спротивно на одредбите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), под засилен инспекциски надзор ставен е и увозот на сите пратки со изворска минерална вода од оваа земја.

Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде во една пратка, со лабораториска анализа утврдено е присуство на аеробни бактерии.

За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“, информираат од агенцијата.

To top